Опожарен станбен објект во Крива Паланка
18.02.2021 09:32
| KumanovoNews
Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 11.40 часот, било пријавено дека настанал пожар во станбен објект на улица „Единство“ во Крива Паланка.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.