Опожарени 15 хектари шума во кривопаланечко
01.11.2022 16:03
| Жаклина Цветковска
Во шумски пожар, кој избувнал во селото Крстов Дол, кривопаланечко, опожарени се околу 15 хектари со борова и букова шума .

Во гасењето на пожарот учествуваало едно противпожарно возило и 8 пожарникари , едно возило со 5 вработени од ПШС „Осогово“ од Крива Паланка и едно возило со 2-ца вработени од Дирекција за заштита и спасување.
Благодарение на интервенцијата од македонска страна, спречено е проширување на пожарот на територијата на Србија.