Опожарено возило во Крива Паланка
26.04.2022 19:39
| Жаклина Цветковска
Патничко возило, сопственост на вработен во ООУ„Илинден“ од Крива Паланка се запалило, вчера, околу пладне.

Пожарот избувнал додека возилото било пакирано во училишниот двор. Моторот целосно изгорел, а причинета е поголема материјална штета.
Во гаснењето на опожареното возило интервенирале пожарникари од ТППЕ од Крива Паланка.
Се претпоставува дека причина за опожарувањето е неисправна инсталација на патничкото
возило.