Општина Крива Паланка додели 40 стипендии за талентирани ученици и спортисти
15.11.2023 12:44
| Жаклина Цветковска
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, врачи вкупно 40 договори за стипендирање на талентирани средношколци, студенти и спортисти за 2023/2024 година.

Најмногу стипендии, вкупно 18 се доделени на ученици спортисти во инивидуални и екипни спортови, 17 се наменети за талентирани ученици и студенти и 5 за субвенционирање на превоз на студенти.
„ Вложувањето во младите и спортот и е еден од нашите врвни приоритети. Општината продолжува со стипендирањето и поддршката за младите, зошто тие се гордост на целата заедница“, рече Митовски.