Општина Крива Паланка додели парична помош на 126 првачиња
13.10.2022 08:55
| Жаклина Цветковска
Вкупно 126 семејства на првачиња добија еднократна парична помош од Општина Крива Паланка.

Помошта е доделена на сите семејства кои за првпат имаат запишано првачиња во учебната 2022/2023 година и се со постојано живеалиште во општината.
„Доделените средства се во висина од 3.000 денари за да им се посака успешен почеток на првачињата во образувањето и да им се олесни на семејствата околу набавката на училишната опема. Оваа помош е на моја иницијатива, а со подршка и одлука на Советот на Општина Крива Паланка. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет“, истакна градоначалникот Сашко Митовски.