Повредено едно лице, при судир на мопед и автобус во Крива Паланка
18.07.2023 13:13
| Сузана Николиќ
Осумнаесет годишен мотоциклист е повреден во сообраќајна незгода на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка.

Сообраќајката се случила вчера околу 16.30 часот, на крстосница која го поврзува со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ помеѓу мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од Д.С.(18) од Крива Паланка и автобус со бугарски национални ознаки, управуван од Н.А.К.(62) од Софија, Р. Бугарија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.