Пријава за бесправна градба и узурпација на недвижности за жител на Опае
13.02.2024 16:18
| Теодора Стоевска
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против жител на село Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Пријавениот, како инвеститор, во текот на 2022 и 2023 изградил деловен објект и паркинг пред деловниот објект, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган.