Пријавени повеќе помали пожари во општините Куманово и Старо Нагоричане
17.08.2024 17:01
| Оливера Пешевска
Пожарникарите од Куманово во текот на вчерашниот ден имале неколку интеревенции на територијата на Куманово и Липково. Пожар бил пријавен и во Општина Старо Нагоричане.

„Припадниците на ТППЕ Куманово во три наврати гаснеле запален смет во населбата Средорек во Куманово. Интервенирале и во селото Сопот на запалена сува трева, а на територијата на Општина Липково горела депонија. Во селото Младо Нагоричане било запалено стрниште и сува трева“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Се работело за пожари од помали размери кои се целосно изгаснати.