Приведени три лица од кривопаланечко, осомничени се за убиство на соселанец
02.04.2025 11:41
| KumanovoNews
Полицијата од Крива Паланка вчера попладне ги привела З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко.

„Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР