Сашко Митовски избран за градоначалник на Крива Паланка во првиот круг
17.10.2021 21:23
| Жаклина Цветковска
Кандидатот за градоначалник на СДСМ Крива Паланка, Сашко Митовски ја однесе изборната победа во оваа општина во првиот круг од локалните избори 2021.

Според првичните и неконечни резултати од ДИК, довербата му ја дале 63,01% од избирачите што излегле на гласање, а Митовски веќе ја објави победата и на својот Фејсбук профил.
Неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Александар Рангелов освои 30,59% од гласовите, Зоран Павловски од ЛДП и ДОМ 2,28%, а за Славчо Станковски од ИНТЕГРА гласале 0,46% од граѓаните.