Се трага по 30-годишен маж, влегол да се капе во езерото Глажња и не се вратил
30.07.2023 22:07
| KumanovoNews
Во Центарот за управување со кризи во Куманово, денеска попладне било пријавено дека едно лице влегло во езеро да се капе, по што му се губи трага.

Во горна брана – Глажња, лицето со иницијали Ф.Р од село Никуштак на возраст од околу 30 години, влегол во езерото и истиот не се вратил назад од езерото.
Во тек е потрага по исчезнатиот.