Седум пожари на отворено во Североисточниот регион
На седум пожари на отворено интервенирале пожарникарите од Североисточниот регион во текот на последното деноноќие. Се гаснела ниска вегетација, грмушки, сува трева, но и борова шума.

Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, интевренирала во селото Узем, месноста викана „Стара Касарна“ на површина од 5 декари.
Пожарникарите од Куманово гаснеле запалена ниска вегетација во селото Бељаковце и на Пчињски пат.
ТППЕ Старо Нагоричaне исто така биле на терен поради запалени грмушки и ниска вегетација во селото Орах.
„Во Кратово биле запалени стрниште и ниска вегетација на површина од околу 10 ха на потегот од селото Коњух кон селото Бељаковце. Во Ранковце се гаснеле запалени грмушки и ниска вегетација на површина од околу 6 ха кај Чатал“ соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.