×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето во Старо Нагоричане ги замени старите ќумбиња со парно греење

    01.10.2021 20:45 | Сузана Николиќ

    Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане доби систем за парно греење од Јапонската амбасада. Донацијата во вреднот од 53 илјади евра е во рамките на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Ова е прв ваков проект во оваа мала општина, а 18 во регионот.

    Училиштето во Старо Нагоричане ги замени старите ќумбиња со парно греење

    „Среќен сум што овој проект успешно се реализира и со тоа ги подобривме условите за учење не само за сегашните, туку и за идните генерации. Со градоначалничката заклучивме дека има простор за понатамошна соработка“, кажа јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, кој дојде на завршната церемонија на проектот.

    Од 1996 година, Јапонија поддржала 158 проекти во Македонија со вкупно 7,8 милиони евра. Од нив, 57 се во здравството, 70 во образованието и 31 во животната средина.

    Градоначалничката на Општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, вели дека овој проект е многу значаен за училиштето, бидејќи ќе ги подобри условите за настава и за работа во училиштето.

    „Јас како градоначалничка, а пред се како мајка, знам колку е важно детето да учи во топла и пријатна училница. Наставниот кадар доби квалитетни услови за работа, а родителите можат да бидат спокојни за своите деца, додека се на училиште. Затоа, овој проект за сите нас, значи многу повеќе од неговата финансиска вредност. Значи здравје, сигурност и безбедност во училиште“, вели Јовановска. 

    Директорката Маја Марковиќ истакна дека благодарение на грантот имаат потопли училници, канцеларии и ходници. Системот за парно греење работи на нафта и ќе ги замени старите ќумбиња, со кои се затоплуваа со години наназад.  

    „Се надеваме дека оваа соработка нема да застане тука, ќе продолжи и на други проекти во нашето училиште“,  изјави Марковиќ, која се заблагодари и на поддршката од Општината Старо Нагоричане.

    Во знак на благодарност за донацијата учениците приредија мини приредба за гостите, додека сопругата на амбасадорот по официјалниот дел на постета ги учеше децата да изработуваат оригами, традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. 

     

    Во основното училиште „Светозар Марковиќ, каде што настава се изведува на срспки јазик, учат околу 100 ученици од Старо Нагоричане и околните села.