Тешко повреден рудар од Крива Паланка
20.11.2024 20:15
| KumanovoNews
Педесет и едногодишен рудар од Крива Паланка се здобил со тешки повреди вчера додека бил на работното место.

„Во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ж.С.(51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител“, соопшти МВР.