Во Североистокот казнeти 27 лица за непочитување на полициски час, 321 за неносење маска
26.04.2021 18:35
| KumanovoNews
Вкупно 321 лице од општините во Североисточниот регион, е казнетo за време на викенд, затоа што направиле прекршок за неносење на заштитна маска на јавно место.

„Според статистиката на МВР за периодот (24.04/26.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 321 лице не ја почитувалe. Од нив во Куманово 215, во Крива Паланка 70 и во Кратово 36. За сите ќе следуваат соодветни мерки“, соопштува МВР.
Во текот на истиот период 27 лица не ја почитувале забраната за движење.