Забрана за товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир
23.12.2024 21:34
| KumanovoNews
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.

Забраната е воведена од 19.45 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопштија од ЈП „Македонија пат“.