×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Кумановската библиотека најмладиот член има година ипол, најстариот 90

    10.02.2020 20:11 | KumanovoNews

    Во Градската библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово, најмалиот член има само година ипол, додека најстарите двајца членови се во десетата деценија од животот.

    Во Кумановската библиотека најмладиот член има година ипол, најстариот 90

    Лука Кимевски во библиотеката членува околу една година. Родителите го зачлениле на неполни 6 месеци за во негово име да позајмуваат сликовници, но и книги со бајки и приказни за деца, кои не можат да ги најдат во нашите книжарници. Редовно му ги читаат и тој веќе има свои омилени приказни, кои сака да ги слуша пред спиење.

    - Најмногу ги сака „Црвенкапа“, „Бамби“, „Трите прасиња“, „Пепелашка“, па дури и српските што му читаме, бидејќи тоа се сликовници од нашето детство. Сметам дека е од особена важност детето од најмала возраст да дојде во допир со книгата, бидејки така ја развива љубовта кон читањето. Истовремено ќе се тргне настрана од мобилните уреди, кои негативно влијаат врз неговиот развој. Подобро е да има хартија во раце за да го научи односот со книгите, отколку да седи со мобилен телефон. Од сликовниците учи да ги разликува ликовите, да ги препознава нивните особини, доброто од лошото, убавото од грдото. Препорачувам секој родител да го зачлени своето дете во библиотеката, бидејќи кај нас има голем фонд на детска литература, а и детскот катче е опремено за да го привлече  вниманието на секое детенце, - вели мајката.

    Таа додава дека Лука има свои боички, и многу сака да црта и да бои во боенките, иако се` уште не знае тоа да го прави како што треба, но се обидува.

    Наспроти најмалиот, најстарите членови во библиотеката се Радмила Марковиќ и Цветко Дртковски, кои се на деведесет годишна возраст.

    Цветко Дртковски вели дека во библиотеката членува уште од основното училиште и во неговото време читањето на книги било секојдневје, што не е пример за денешните млади.

    -  Јас како помлад, бидејќи триесет години живеев во Младо Нагоричане, на секои две недели земав по четири-пет книги за читање. Јас лично имам долг стаж во читањето. Затоа препорачувам секој млад човек, особено учениците да бидат членови во библиотека и редовно да читаат. Младите денеска се отсутни од библиотеката и тоа не е добро. Од особена важност е читањето и младите да се вратат кон книгите,- вели Дртковски.

    Од библиотеката „Тане Георгиевски“ велат дека постои интерес за зачленување на децата во библиотеката, кој во последно време значително се зголемува, за што им е особено драго.

    - Љубовта кај детето за книгата се раѓа од најмала возраст, така што сметам дека ова детенце ќе биде наш редовен член. Ова треба да биде пример за сите мајки, родители и тие да ги зачленат своите деца и да бидат наши верни читатели. Има голем интерес и од страна на другите родители, но најчесто се користи како пракса ако имаат две дечиња на членската книшка од повозрасното да земаат и за помалото, затоа што секоја година традиционално библиотеката врши бесплатни уписи на второоделенчиња, затоа што тогаш започнуваат со изучување на буквите,- кажа директорката на библиотеката Христина Алексовска.

    - Нас ни е особено драго што имаме и толку млади читатели но и постари читатели. Има голем број на членови коишто се веќе во пензија и редовно читаат, може да се рече дека еднаш неделно редовно ја посетуваат библиотеката, ги бараат сите најнови изданија. Така што месечно читаат најмалку по две-три книги. Од господинот Цветко Дртковски имаме и книги кој тој ги има издадено, а Радмила Марковиќ е наш редовен читател,- вели Елена Јаќимовиќ, соработник за литературна дејност во библиотеката „Тане Георгиевски“.

    Од библиотеката велат дека ќе продолжат и понатаму во континуитет со засилено темпо да работат на работилници за најмалите, со цел да им ја доближат книгата, а воедно ќе продолжат да работат и на набавување на најнови изданија на книги.