×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Академија ФМП беше поуспешна од Куманово во првиот натпревар во БИБЛ

    14.10.2021 07:46 | Стефан Николиќ

    Екипата на Навико Академија ФМП ја запиша првата победа во регионалното натпреварување против Куманово со резултат 59-63.

    Академија ФМП беше поуспешна од Куманово во првиот натпревар во БИБЛ

    Во првото коло од регионалното натпреварување, двата тима одиграа цврст натпревар на мал број поени, а влијание на резултатот имаше и големиот број на загубени топки. Во текот на првите три четвртини, водството често се менуваше а прва поголема серија врзани поени ја направија кумановчани кои од три поени негатива, успејаа да поведат со пет поени разлика. Техничката грешка на Холмс за неизнуден фаул во напад го врати ФМП резултатски во игра, а во последната минута од мечот кога Куманово имаше напади за водство, следуваше загубена топка од Зивчевиќ и два избрзани шута за три поени на Холмс.


    Статистички гледано, Куманово овој натпревар имаше упатено 35 шута за три поени од кои погоди само 5, но и покрај овој низок процент на шут треба да жалат за пропуштената прилика бидејќи Академија ФМП победи на овој натрпевар со вкупно 21.загубена топка.


    Славчо Темелковски со 14 поени беше најефикасен кај победникот, додека за Куманово Џонатан Холмс постигна 13 поени. 


    Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на ТФТ во сабота од 19 часот, во салата на училиштето Перо Наков.