Алексеј Стојановски најдобар на Мастерс турнир во тенис за јуниори
29.10.2024 09:35
| KumanovoNews
Младиот тенисер и член на ТК „Тумба“ од Куманово Алексеј Стојановски го освои завршниот Мастерс турнир за јуниори до 14 години во организација на Македонската тениска федерација.

На натпреварувањето учествуваа осумте најдобри играчи во земјата.
Алексеј заврши прв пред Даријан Пановски од ТК МТП Скопје кој е на 2 место, додека третопласиран е Марин Стефановски од ТК ИТЦМ од Скопје.
Турнирот се одржа во периодот од 26 до 28 октомври на терените на ТК МТП во Скопје.