Алексеј Стојановски учествува на Европско првенство во тенис во Чешка
Алексеј Стојановски, член на Тенискиот клуб „Тумба“ ја претставува Македонија на Европското првенство во тенис до 14 години, кое се одржува од 21 до 27 јули во Мост, Чешка.

„Голема чест и гордост за нашиот тениски клуб и за нашиот млад и талентиран тенисер. На ова престижно натпреварување учествуваат најдобрите млади тенисери од цела Европа, вклучително и Алексеј, што е признание за неговата посветеност, упорност и резултати на национално и меѓународно ниво. Горди сме на Алексеј и веруваме дека ова искуство ќе биде уште еден важен чекор во неговиот спортски развој“, велат од клубот.
Стојановски има 14 години, дел е од македонската репрезентација и редовно учествува на државни и меѓународни турнири.