Бал фор Лајф го започнува летниот дел од сезоната
10.02.2017 18:30
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Бал фор Лајф од утре ги продолжува своите натпревари во третата кошаркарска лига. Во 18 часот тие ќе играат против Овче Поле на гостински терен.

Ненад Стојановски е нов кошаркар на Бал фор Лајф, одкако за време на зимската пауза се приклучи на кумановскиот состав. Од Бал фор Лајф сметаат дека ќе биде големо засилување во пресрет на новата сезона, и борбата за првата позиција на табелта.
Тимот на Овче Поле е трет во досегашниот дел од првенството. Овие два тима одиграа два пријателски и еден официјален натпревар. Во вторто коло од првенството Бал фор Лајф извојуваше убедлива победа со резултат 82-60.