Џанер Биљали освои бронзен медал на турнир во Романија
01.03.2025 17:06
| KumanovoNews
Џанер Биљали (14), член на Боксерскиот клуб „Куманово“, освои трето место и се закити со бронзен медал на меѓународен турнир во бокс во Романија.

На турнирот учествувале боксери од 24 земји од светот во три категории, кадети, јуниори и младинци.
„Биљали учествуваше како претставник на македонската репрезентација. Ова му е прва медала на големо меѓународно натпреварување. Очекуваме што поголеми успеси, бидејќи е перспективно и талентирано момче, кое има потенцијал да стане голем боксер“, вели тренерот Самет Салиевски.
Младиот боксер се подготвува за Европско првенство, како и за натпреварување кој ќе се одржи во Куманово.