Емилио Богатиновски е јуниорски шампион во кик лајт
05.04.2016 14:42
| KumanovoNews
Овој викенд во Штип се одржа државното кик бокс првенство за јуниори и кадети, каде што кумановецот Емилио Богатиновски се закити со титулата јуниорски првак во тешка категорија.

Во финалето Богатиновски имаше противник од клубот Шампион од Скопје. Иако во првата рунда доживеја непријатен удар - нокдаун, следуваше храбра борба во која кумановецот триумфираше на поени.
Задоволен сум од резултатот и веќе станува пракса да се враќаме со медали и добри резултати од овие првенства и турнири. Очекувам да продолжиме во ист ритам и во останатиот дел од првенството - изјави Сашо Илиевски, тренер во КБК Куманово 2006.