Мени

Кадетките на ЖРК со нова победа против Гевгелија

23.11.2019 10:32 | KumanovoNews

Кадетките на Женскиот ракометен клуб Куманово, на домашен терен, во рамките на четвртото коло од Кадетската лига (група 2) со нова победа против екипата на Гевгелија, со резултат 32:25.

Кадетките на ЖРК со нова победа против Гевгелија

Стрелци за Куманово беа: Ива Николовска 9 гола, Цветановска Сара 8 гола, Димитровска Ана Марија 7 гола, Мартина Тоневска 3 гола, Ива Димитровска 3 гола, Матеја Јовановска 2 гола.

Следниот натпревар, нашите младинки ќе го играат на 30. ноември на гостински терен против екипата на ЖРК Струма.