×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • KK Крива Паланка го порази ЖКК Работнички во Прволигашот меч од женската кошаркарска лига

    17.10.2021 12:54 | KumanovoNews

    Во неизвесен и квалитетен натпревар што се одигра денес во Крива Паланка, тимот на ЖКК Работнички од Скопје беше поразен со резултат 95-83 од првотимките на КК Крива Паланка.

    KK Крива Паланка го порази ЖКК Работнички во Прволигашот меч од женската кошаркарска лига

    Натпреварот се играше во рамки на второто коло сезонава од Првата женска кошаркарска лига на Република Северна Македонија.

    Во домашни и табор најдобри играчи беа Марија Петровиќ, со постигнати 32 поени и младата Михаела Алексовска со 31 поен, заедно постигнувајќи две третини од поените на КК Крива Паланка.

    Петровиќ бележи и одличен, стопроцентен учинок од линијата за слободни фрлања,од каде погоди девет од девет пенали, а одлична беше и во шут за три поени, со погодени 3 од четири тројки.И Алексовска исто така беше одлична во шутот од дистанца, погоди три од петте обиди од линијата 6.75.

    На листата на стрелци заслужни за победата се Додевска Матеја која настапува на центарската позиција, со постигнати 15 поени, Божица Стоевска со 8, 7 капитенот Тамара Ѓоргиевска и Михаела Станковска два.

    Во гостинскиот тим извонредно издание имаше стружанката Ива Чолакоска, која постигна 42 поени, педесет отсто од кошевите на Работнички, со погодени осум од вкупно петнаесет обиди за три поени.

    „Ова е значајна победа за нашиот прволигашки тим кој настапува со само две сениорки и голем број младинки- кадетки кои се градат како играчи и веќе се наметнуваат како одлични кошаркарки на македонската кошаркарска сцена. Презадоволен сум од желбата и борбеноста, мотивираноста и максималната посветеност на нашите кошаркарки,сите до една на теренот се бореа со срце и ја извојуваа победата која беше неизвесна до последнитр две минути од дуелот, изјави Ведран Белешковски, претседател на КК Крива Паланка и тренер на тимот.

    Следното, трето коло, паланчанки гостуваат кај скопски ЖКК МЗТ.