Кошаркарите ја пречекуваат Лирија, ракометарите на гости во Прилеп
19.11.2010 18:28
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово утре ја пречекуваат екипата на Лирија. Кумановчани утре сметаат на третата победа во првенството, но Лирија минатата недела направи изненадување кога издвојува победа над АБА Струмица.
Натпреварот започнува во 19 часот а во осанатите натпревари играат Фени Индустри - Работнички, АБА Струмица - Овче Поле, МЗТ Скопје - Торус и Пелистер - Ултимејт Баскет.
Ракометарите на Куманово по поразот од Металург нова победа ќе бараат на гости против Прилеп. Поранешниот репрезентативен голман, кумановецот Дејан Кимевски е нов тренер на РК Куманово, а не би требале да имаат тешка задача поради тоа што Прилеп сеуште нема забележано победа оваа година во најквалитетната лига.