Костовски ќе игра за Куманово и наредната сезона
15.07.2015 12:00
| KumanovoNews
Александар Костовски и наредната сезона ќе ги брани боите на Куманово.

Одкако Куманово прифати да игра во новото натпреварување на ФИБА стана доста атрактивно за домашните кошаркари, па Костовски реши и следанта сезона да ја помине во Спортската сала. Минатата сезона тој беше најексплатиран кошаркар и поминуваше 34.1 минута во просек на теренот, постигнувајки 17,1 поен, 4,3 скока и 5,7 асистенции.
Покрај нашиот репрезентативец, блиску до договор се Вукашин Мандиќ и Урош Луковиќ.