Мени

Крстиќ ја напушта НБА, преоѓа во ЦСКА

09.06.2011 13:18 | KumanovoNews

Капитенот на српската репрезентација Ненад Крстиќ ја напушта НБА лигата и преоѓа во ЦСКА од Москва.

Крстиќ ја напушта НБА, преоѓа во ЦСКА

Центарот на Бостон Селтикс ќе потпише двегодишен договор вреден шест милиони долари, а според „армејците“, за неговите услуги биле заинтересирани Олимпијакос и Барселона.

Крстиќ веќе настапуваше во Русија кога во 2008. играше за Триумф.