Куманово го пречекува Работнички во последното коло од Прва лига
08.04.2022 12:14
| KumanovoNews
Во последното коло од првиот дел од првенството, кошаркарите на Куманово го пречекуваат тимот на Работнички.
Последното коло нема да донесе некои изненадувања, бидејќи познати се патниците во Супер-лигата и во Плеј-аут. Куманово ќе се бори за опстанок заедно со Феникс 2010, Работнички, Кожув, Ангели и вториот тим на МЗТ Скопје каде што ќе одиграат уште по 2 натпрвари со секој противник. До пред последното коло, кошаркарите забележа 5 победи и 16 порази.
Пелистер, МЗТ Скопје, Еуро Никел, Академија ФМП, ТФТ Скопје и Гостивар ќе се борат за титулата оваа сезона.
Натпрварот помеѓу Куманово и Работнички ќе се одигра во сабота со почеток од 18:30 во салата на училиштето Перо Наков.