Куманово губи 10 поени на полувреме во Финска
24.11.2015 17:22
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово губат на полувреме 10 поени од финскиот КТП во последното гостување на екипата во ФИБА Еврокуп.

Куманово настапува без Вукашин Мандиќ во составот кој неофицијално е на излезните врата од клубот.
Ентони Ли и Александар Костовски го држат Куманово во игра со 14 односно 13 поени. Проблем за Куманово е лошата одбрана и доколку не направат нешто по тоа прашање, веројатно ги губат сите шанси за победа во овој натпревар. Дури три кошаркари се двоцифрени кај КТП, а финскиот состав постигнал 28 поени од рекетот.
Резултатот на полувреме е 52:42, а останува да видиме како ќе одговори Куманово по полувремето.