Куманово вечерва игра со Пеќ, Берое пред финале во БИБЛ
Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот играат во полуфиналето во БИБЛ лигата против екипата на Пеќ.

Куманово и Пеќ оваа сеозна се сретнаа во групата Д, каде што секој тим ја искористи предноста на домашен терен. Пеќ во првиот натпревар беше подобар со резултат 85:68, додека две недели подоцна Куманово во Спортската сала забележа триумф со 80:76.
Разврската околу Данило Мијатовиќ не се заврши во корист на Куманово, па по одбивањето на жалбата од арбитражната комисија на МКФ Мијатовиќ е слбоден играч. Куманово ќе ја продолжи правната битка, но факт е дека ќе ја доигра сезоната без Мијатовиќ.
Со тоа битно е скратена ротацијата на Куманово, која го губи својот најдобар играч.
Фото: www.balkanleague.net