Куманово забележа убедлива победа против Шкупи
10.12.2017 11:33
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово забележаа победа на гостувањето во Чаир против тимот на Шкупи со резултат 69-95.

Мечот беше неизвесен во првата четвртина, а по првата пауза Куманово направи двоцифрена предност која ја одржуваше во вториот период, а по паузата од полувреме успеја да ја зголеми на максимални 28 поени предност.
Јосеф Тејлор постигна 23 поени за тимот на Шкупи. За Куманово, Јаневски постигна 16 поени.
Со оваа победа Куманово стигна до позитивен скор од пет победи и четири порази. Следниот натпревар Куманово го игра на домашен терен против тимот на Блокотехна.