Кумановски атлетичари освоија 8 медали на Државно сениорско првенство во Охрид
На Државното сениорско првенство во атлетика, кое минатиот викенд се одржа во Охрид, атлетичарите на Атлетскиот клуб Куманово постигнаа извонредни резултати, со освоени 5 златни, две сребрени и една бронзена медала.

Најдобри на натпреварувањето беа и со златни мeдали се закитија: Матеја Ефремовска во скок во далечина и фрлање диск, Дијана Вукановиќ на 400 метри, Марјан Нојковски во фрлање на ѓуле и Марија Дувлис на 100 метри пречки. Втори места освоија: Гилман Јунузи на 800 метри и Дијана Вукановиќ во својот втор настап на 400 метри пречки, додека Марија Дувлис заврши трета во скок во далечина.
„Имавме одличен настап како и предходните државни првенства за младинци и помлади младинци, но ова е најважното и најзначајното првенство, бидејќи е сениорско“, - изјави тренерот Филип Колевски.
Првенството беше во организација на Атлетската федерација на Македонија.
Овој викенд Дијана Вукановиќ ќе настапи на Балканското првенство за младинци под 20 години во Истанбул, Турција.