Кумановските ракометари на четврто место по нерешениот резултат со Вардар
25.11.2019 12:47
| KumanovoNews
Кумановските ракометари, на домашен терен, против екипата на Вардар Неготино, завршија со нерешен резултат 24:24.

Во првите 30 минути од натпреварот нашите ракометари водеа со резултат од 3 гола, но веќе кон крајот на натпреварот гостинот водеше со 2 гола разлика, која по интервенцијата на Миладиновски се изедначи.
Засега РК Куманово останува на четвртото место на табелата.
Во следното коло, нашите ракометари на домашен терен, ќе играат против екипата на Ринија.