Kумановските ракометарки шампионки во есенскиот дел од Супер лигата
09.12.2019 17:54
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово, во рамките на есенската сезона од Првата женска лига останаа на врвот на табелата со дванаесетта по ред победа против екипата на Спартак. Натпреварот заврши со резултат 46:17.

Во првото полувреме ЖРК Куманово започна со водство од 7:1, за првото полувреме да го заврши со резултат 20:6, во второто полувреме нашите ракометарки беа постојано во водство со минимум 15 гола, со што крајот од натпреварот го завршија со разлика од 29 гола.
Постигнати голови на Куманово:Глигоријадис 9, Шарановиќ 6, Боризовска 6, Трајковиќ 5, Марковиќ 4, Ивановска 4, Чокели 3, Гичевска 3, Кипријановска 2, Радевска 2, Пецанова 2.