Македонски дерби натпревари оваа недела во БИБЛ
31.01.2017 11:00
| KumanovoNews
Втората фаза во регионалното натпреварување, БИБЛ лига ни носи два домашни дуели уште во првото коло. Денеска Кожув ја пречекува екипата на Фени Индустри, а утре Карпош Соколи ќе игра против Куманово.
Куманово покрај Соколи во групата ги има и екипите на Теодо и Пеќ. Во групата Д кумановчани влегоа со четири бода, Пеќ и Соколи имаат по три а Теодо во втората фаза е со два бода.
Ова ќе бидне прв натпревар помеѓу овие два тима, бидејки Карпош Соколи играат во АБА лигата и во домашното првенство ќе се приклучат со почнувањето на Супер-лигата. Натпреварот се игра утре од 19 часот во салта Борис Трајковски.
Денеска од 19 часот тимот на Кожув ќе го пречека Фени Индустри.