Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Легендарниот Диего Марадона верува дека нападот на Манчестер Јунајтед е голема опасност за одбраната на Барселона во финалето на Лигата на Шампионите.
Аргентинецот верува дека човек на одлука може да биде Хавиер Ернандез.
По мене, најбитните играчи на Јунајтед се напаѓачите. Го гледав Ернандез во Мексико и веднаш видов дека е голем талент, не ме чуди неговата успешна дебитантска сезона. Тој се движи како дух, одбраната не знае како да се брани бидејки не знаат каде е. Тој ќе направи многу простор за Руни кој тоа ќе треба да го искористи - изјави Марадона.
„Ел Пибе“ смета сека Јунајтед не би требал да игра фластер на Лео Меси.
Нема вистински одговор за играта против Меси. Јас сигурно не би ставил фластер на него, бидејки би се ослободил од него а потоа ќе направи вишок простор. Видиќ и Фердинант би требале да презимаат кога е во близина на шеснаесет метри, а во останатите случаи е потребна помош за да не прави работи кои ги прави ради забава - рече Марадона.