Мени

МРК Куманово со убедлива победа над Радовиш ја затвори сезоната на домашен терен

26.05.2026 12:58 | KumanovoNews

Ракометарите на МРК Куманово со убедлива победа од 38:21 против Радовиш ја заокружија сезоната на домашен терен во рамки на плеј-аут фазата од Суперлигата.

МРК Куманово со убедлива победа над Радовиш ја затвори сезоната на домашен терен

Иако прашањето околу пласманот веќе беше решено, кумановци одиграа мотивирано и сигурно пред својата публика, наметнувајќи ритам уште од почетокот на натпреварот. Домашниот состав на полувремето замина со предност од 17:9, а во продолжението само ја потврди разликата за убедлив триумф.

Најефикасен во редовите на МРК Куманово беше Борјан Цековски со 12 гола, додека Омар Радван постигна 6. Кај гостите од Радовиш, најмногу се истакнаа Филип Трајанов со 6 и Славе Јанковски со 5 погодоци.

Натпреварот ќе остане запаметен и по првите настапи во сениорска конкуренција за тројца млади ракометари од школата на МРК Куманово. Михаел Милановски постигна 3 гола, додека Дариан Николовски и Немања Цветковски ги запишаа своите први сениорски погодоци, и двајцата од линијата за седум метри.

Со овој натпревар, МРК Куманово уште еднаш потврди дека покрај резултатскиот дел, сериозно работи и на вклучување на млади играчи, кои во иднина треба да бидат важен дел од тимот и на кумановскиот ракомет.