×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Над дваесет медали освоија кумановските ученици на Државниот натпревар во атлетика

    19.05.2025 20:12 | Оливера Пешевска

    Над дваесет медали во поединечна и екипна конкуренција освоија кумановските ученици на Државниот натпревар во атлетика за основни и средни училишта, кој денеска се одржа во Куманово. Учествуваа повеќе од 400 натпреварувачи, од 15 града на Македонија.

    Над дваесет медали освоија кумановските ученици на Државниот натпревар во атлетика

    Натпреварот се одржа на Атлетскиот стадион во спортскиот комплекс Соколана. Учесници допатуваа од Охрид, Велес, Струмица, Тетово, Скопје, Кратово, Свети Николе, Делчево, Пехчево, Виница, Битола, Прилеп.

    „Имаме супер, одлична атмосфера, натпреварувачки дух меѓу атлетичарите, добра организација од наша страна, за што не пофалија колегите. За организирање и за вакви настани имаме единствен атлетски терен во Македонија, кој ги задоволува условите на училишни натпревари“, истакна Марјан Нојковски, претседател на Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС).

    Натпреварот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а ОСУС се јавува како техничка поддршка.

    Учесниците се натпреварувале поединечно во тркачки дисциплини на 60 и 300 метри, за учениците од 6 и 7 одделение, и на 300, 400 и 800 метри на останати возрасни категории. Како екипа се трчало во штафетната трка, а од технички дисциплини се одржаа натпревари во фрлање на ѓуле, скок во височина и скок во далечина.  

    Од учесници од основните училишта во Куманово особен успех постигнаа:

    Миа Голубовска од „Крсте Мисирков“ освои прво место во трката на 300 метри за жени,

    Ведран Николовски од „Крсте Мисирков“ освои две први места, во трката на 100 и 300 метри за мажи,

    Јован Димковски од „Кирил и Методиј“-  второ место во трката на 800 метри за мажи,

    Јана Анастасовска од „Кочо Рацин“- второ место во трката на 300 метри за жени,

    Лана Спасовска од „Браќа Рибар“— второ место во трката на 300 метри за жени,

    Бојан Чоробенски од „Кочо Рацин“- освои трето место во трката на 60 метри за мажи,

    Антонио Михајловски од ОУ „Крсте Мисирков“- прво место во фрлање ѓуле,

    Меланија Станковиќ од „Толи Зордумис“ освои прво место во фрлање ѓуле,

    Јана Анастасовска од „Кочо Рацин“ освои второ место во скок во височина,

    Михаил Стојановски од „Крсте Мисирков“ освои второ место во скок во височина,

    Михаил Величковски од „Кочо Рацин“ освои второ место во скок во далечина и трето место во скок во височина.

    Од кумановските средношколци се истакнаа:

    Михаил Стошевски од „Гоце Делчев“ кој освои прво место во трката на 100 метри и трето место во скок во височина,

    Нева Петрушевска од „Перо Наков“ – трето место во трка на 800 метри,

    Тијана Јовановиќ, „Перо Наков“ – трето место во трка на 400 метри,

    Александар Стојановски, „Киро Бурназ“- трето место во трка на 400 метри за мажи,

    Антонио Стевковски од „Наце Буѓони“ освои трето место во дисциплината фрлање на ѓуле.

    Во штафетната трка 4х100 метри за жени второ место освоија ученичките од „Перо Наков“, а во истата дисциплина 4х100 метри за мажи трето се пласираше тимот на Гимназија „Гоце Делчев“.

    Во штафетната трка за основници кај жените второ место освои екипата на „11 Октомври“, а трето место „Браќа Рибар“, додека кај машките учениците на „Крсте Мисирков“ се пласираа на второ место.