Мени

Пинг понг турнир по повод Денот на градот

09.11.2019 09:54 | KumanovoNews

Пинг понг клубот „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови, денеска го организираат десетиот традиционален Меѓународен турнир во пинг понг за ветерани „Куманово 2019“.

Пинг понг турнир по повод Денот на градот

Турнирот започна во 10.30 часот, а се одржува во спортската сала на Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, со учество на гости од Србија, Бугарија и Македонија.

Традиционално секоја година турнирот се организира по повод  Денот на ослободување на Куманово, 11 Ноември.