Пинк Пантери го посетија Загреб, во среда ја започнуваат сениорската сезона
Кошаркарскиот клуб Пинк Пантери изминатиот викенд беа во посета на Загреб, каде што одиграа пријателски натпревари со Хрватските гиганти Цибона и Цедевита.

Екипата на Пинк Пантери гостуваше со младите кошаркари родени 2002/2003. Првиот натпревар против своите врсници Пинк Пантери го одиграа против тимот на Цедевита каде што кумановскиот состав беше победи со резултат 92-87. Следниот ден во салата Дражен Петровиќ, Пинк Пантери по продолженија ја победија екипата на Цибона со резултат 84-80.
Го посетивме тренинг центарот на Цедевита за кој можеме да кажеме дека е најсовремен тренинг центар со 4 сали, по што го проследивме АБА дербито помеѓу Цедевита - Црвена Звезда. Следниот ден го посетивме музејот на Дражен Петровиќ, трофејните простории на Цибона и да младите играчи да се запознаат со големата историја на клубот. Со луѓето од Цибона и Цедевита е договорено соработката да продолжи и тие да биднат гости на нашиот традиционален турнир. Ова е уште едно меѓународно искуство на кумановските кошаркари - изјави директорот на клубот Бојан Златковски.
Тимот на Пинк Пантери оваа сезона започнува со натпреварите во Третата кошаркарска лига, а во среда во 20:30 ќе играат против тимот на Партизан Водно Санс.
Оваа сезона го правиме тој чекор кога од младинските категории преоѓаме во сениорска конкуренција. Немаме никаков резултатски императив, битно ни е нашите играчи да стекнат што поголемо искуство. Екипата е составена исклучиво од кошаркари кои ги имаат поминато младинските категории во Пинк Пантери. Се надеваме на успешна сезона. - додаде Златковски.
Натпреварот Пинк Пантери - Партизан Водно Санс се игра во среда во Спортската сала со почеток во 20:30.