Пинк Пантери ја посетија Варшава
27.11.2017 14:25
| KumanovoNews
Изминатиот викенд екипата на Пинк Пантери со кошаркари родени 2004 година и помлади, гостуваа во Варшава каде што одиграа натпревари против екипите на Легија Варшава и Прусков.
Кумановските кошаркари победија на двата натпревари, во првиот дуел беа подобри од Легија со резултат 78-75, а на вториот натпревар против Прусков, Пантери славеа со 85-81.
Ова е уште едно меѓународно искуство на нашиот состав. Минатиот месец бевме во Хрватска, сега во Полска, соработката со клубовите надвор од нашите граници продолжува. Соработката со полските екипи продолжува, тие ќе присуствуваат на нашиот камп во август во Охрид. - изјави Бојан Златковски, спортски директор на клубот.