Планинарите од “Козјак“ се искачија на врвот Руен
06.07.2015 09:00
| KumanovoNews
Планинарите од Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“, на покана на клубот “Руен“ од Крива Паланка вчера се искачија на врвот Руен висок 2252 метри на Осоговските планини.

“Беа дојдени и планинари од Бугарија, и заедно бевме на традиционален ручек планинарско гравче. Патеката беше долга 20 км во двата правца. Следен врв за искачување ни е Солунска глава, а во август ќе се одржи Младински камп Длабочица 2015“-рече Мартин Величковски, секретар на “Козјак“.
Величковски додава дека утре близу планинарскиот дом во село Длабочица ќе има народен собир, по повод селската слава Свети Јован, чие име го носи и црквата во селото.