Планинарскиот клуб „Козјак“ запишува нови членови
01.02.2016 13:19
| KumanovoNews
Здружението спортско планинарски клуб „Козјак“ врши упис на нови членови до 18 години.

Клубот во своите простории во комитет секој вторник од 19 часот одржува состанок и таму можат заинтересираните да добијат повеќе информации.
Новите членови ќе бидат едуцирани со општ поим планинарство, настава ќе се изведува во планинарски дом Длабочица, а активност за во месец февруари е акцијата „Сите на снег“ и ноќен марш во чест на Борис Трајковски - вели Мартин Величковски од „Козјак“.
Уписот на нови членови трае до 1 март годинава.