Прва победа на Куманово во БИБЛ
18.10.2017 09:06
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово ја забележаа и првата победа во регионалното натпреварување, одкако вчера на домашен терен ги совладаа Ибар Рожаје со резултат 96-92.

Натпреварот беше неизвесен во целиот негов тек, а Куманово успеја до крајот да ја одржи предноста од четири поени стекната во првата четвртина.
Марјан Јаневски и Димитар Караџовски со 22 поени беа предводници во тимот на Куманово.
Кај гостите Филип Симиќ, Елдин Калиќ и Александар Андрејевиќ постигнаа по 19 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против Академик од Бугарија.