Ракометарките ги добија можните противници за Челенџ Купот
12.07.2016 13:06
| KumanovoNews
Екипата на ЖРК Куманово ја очекуваат ждребката за Челенџ Купот, а денеска ги дознаа екипите кои се потенцијални противници во првата фаза од натпреварувањето.

Една од екипите на ЖРК Илиџа од Босна и Херцеговина, АСД Ариоста П. Ферара од Италија, ССВ Дорнбирн Шорен од Австрија или Хелветиа БМ Алкобендас од Шпанија се можни противници на ракометарките оваа сезона во Челенџ Купот.
Куманово настапи и минатата сезона во оваа натпреварување каде што поради финансиски проблеми мораше двата натпревари да ги одигра на гостински терен и загуби од тимот на Мостар.
Ждребката ќе се одржи на 19.јули.