Ракометарките имаат слободен викенд
27.11.2015 15:15
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово имаат слободен викенд поради собирот на женската репрезентација на Македонија.

Во последниот натпревар Куманово извојува победа против Прилеп и по седум одиграни кола се наоѓа на третата позиција на табелата со 12 бода. Во следното коло, тие играат на домашен терен против екипата на Овче Поле.