Ракометарките изгубија од екипата на Јагодина
27.01.2020 19:37
| KumanovoNews
Ракометарките на вториот натпревар против екипата на ЖОРК Јагодина од Србија, забележаа значителен пораз, со резултат 35:21.
ЖРК Куманово иако на почетокот започна со добра игра, сепак на крајот на полувремето заврши со резултат 13:20. Екипата на Јагодина ја покажа својата подготвеност на теренот и во еден период водеше и со резултат од 12 гола.
Постигнати голови на Куманово: Трајковиќ 2, Ивановска 1, Пецанова 1, Чокели 2, Јанкуловска 4, Боризовска 6, Шарановиќ 1, Кипријановска 2, Гичевска 2.
ЖРК Куманово, на првиот пријателски натпревар со екипата на Јагодина победи со 24:22, а нашите ракометарки и понатаму продолжуваат со подготвителни натпревари.