Ракометарките му гостуваат на Овче Поле
01.11.2017 11:11
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово денеска во 19 часот играат против тимот на Овче Поле во Свети Николе.

Кумановскиот состав со четири победи и два пораза засега се наоѓа на четвртата позиција на табелата, а со победа на овој натпревар ќе се искачат на високата втора позиција, веднаш зад неприкосновениот тим на Вардар.
Овче Поле со само една победа и пет порази се наоѓа на седмата позиција на табелата.
Натпреварот се игра во Свети Николе и започнува во 19 часот.