Мени

Ракометарките на гостински терен во Зајечар

16.01.2020 10:57 | KumanovoNews

Женскиот ракометен клуб Куманово, во рамките на ВРХЛ лигата, во сабота на гостински терен во Зајечар, Србија, ќе игра против екипата на Груде од Босна и Херцеговина, а во недела против РК Зајечар од Србија.

Ракометарките на гостински терен во Зајечар

Ракометарките со овие натпревари ја отвораат новата сезона во ракомет, а засега се наоѓаат на второто место на табелата со две победи од две одиграни утакмици, но со еден бод помалку од екипата на Груде.